Пред затворањето на зимскиот преоден рок, Гостивар во последен момент успеа да го обезбеди потписот на искусниот сириски фудбалер Аиас Аосман.
Овој 30-годишен играч од средниот ред пристигнува како засилување за тимот во борбата за подобра позиција во македонското првенство.
Аосман е роден во Сирија, но поседува и германски пасош, што му овозможи да изгради интернационална кариера.
Меѓу позначајните клубови во неговата кариера се Динамо Дрезден, Адана Демирспор, Тузласпор и Генчлербирлиги.
Leave a Reply