Минимални победи на Баерн, Бенфика и Феенорд

Бенфика и Баерн Минхен запишаа гостински победи и се чекор поблиску до осминафиналето од ЛШ, додека Милан падна во Ротердам.

„Росонерите“ не одиграа најдобро, а клучниот момент се случи уште во третата минута, кога грешката на голманот Мајк Мењан ја искористи Игор Паишао за единствениот погодок на натпреварот.

Милан во второто полувреме не успеа да постигне гол и да избегне пораз, па се ќе се решава на Сан Сиро.

Баварскиот тим со 1-2 славеше во дуелот со тимот од Глазгов. Олисе во 45 минута успеа да донесе предност, а во вторто полувреме зголеми Кејн. Маеда во 79. Минута успеа да намали за мала надеж во реваншот.

Исто така минимален триумф на гостински терен забележа и Бенфика во Монако (0-1). Човек на одлука на овој натпревар беше Вангелис Павлидис.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *