Барса го сака Луис Дијаз, Ливерпул ја одреди цената

Каталонските медиуми пренесува дека примарна трансфер цел на Барселона следното лето ќе биде ѕвездата на Ливерпул, Луис Дијаз.

Ливерпул не размислува за трансфер, но самиот фудбалер сака да ја промени средината и да се пресели во Шпанија.

Дијаз игра фантастично оваа сезона, но преговорите за продолжување на договорот со Ливерпул не одат добро, а причина за тоа е Барселона.

Колумбиецот има голема желба да се пресели на „Камп Ноу“, а познато е дека Барселона веќе подолго време го посакува во своите редови.

Ливерпул нема да му стои на патот, но за неговата слобода на лето ќе бара 65 милиони евра.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *