Манчестер Сити и Реал Мадрид одиграа фантастичен меч каде „кралевите“ стигнаа до голема победа во драматична завршница.
Реал беше подобриот тим на теренот, но не успеваше да ги искористи своите шанси. Најпрво казни Халанд, па Сити со предност замина на одмор.
По 15 минути игра во второто полувреме Мбапе даде гол за израмнување на 1-1.
Тој резултат беше актуелен до 80. минута кога Халанд даде нов гол, овојпат од пенал за водство на Сити од 2-1.
Во последните пет минути Реал искористи две грешки на одбраната и со головите на Брахим Дијаз и Белингам дојде до голема победа.
Leave a Reply