Марсело и официјално стави крај на богата кариера и во интревју стави акцент на својот период во Реал Мадрид,
Бразилецот ги спореди и двајцата врвни тренери со кои работеше во Реал, Жозе Мурињо и Зинедин Зидан.
„Со Жозе имав навистина големи проблеми на почетокот, јас сакав да ја имам топката во свои нозе, а тој ми наредуваше дека моам да ја одземам од противникот за тоа да се случи. Многу пати ми велеше дека не знам да играм одбрана, но дека тој е тука да ме научи. Беше тензично на моменти, но на крајот се излезе добро“.
„Што се однесува до Зидан, тој е чиста спротивност. Ми ја даде слободата што ја барав и ме направи подобар играч. Се сеќавам како ќе викнеше: Марсело, оди напред, Кашемиро ти го чува грбот“, изјави Марсело.
Leave a Reply