Јувентус сериозно се вклучи во трката за потписот на холандскиот дефанзивец, Вирџил ван Дајк, пренесуваат италијанските медиуми.
„Бјанконерите“ го имаат ставено Вирџил ван Дајк на врвот на својата листа, бидејќи тој се уште не потпишал нов договор со Ливерпул.
Според пишувањата на англиските медиуми, Ван Дајк го одолговлекува своето потпишување и не е невозможно да го напушти клубот на крајот на сезоната.
Јувентус гледа потенцијал да донесе значително засилување без финансиски трошок и веќе воспоставила контакт со агентот на Холанѓанецот.
Leave a Reply