Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, изјави дека се срами откако неговиот тим беше елиминиран од Брајтон во четвртото коло на ФА Купот.
Според него е „голем срам“ фактот што Челзи водеше, но Брајтон направи пресврт и славеше со 2-1.
„На играчите им кажав пред неколку недели, а им повторив и сега – мора да научиме како да победуваме со 1-0. Големите клубови го прават тоа“
„Ова е навистина голем срам за нас. Единственото позитивно нешто е што сега можеме целосно да се фокусираме на Премиер лигата и на Конференциската лига. Во Премиер лигата играме добро досега и се надеваме дека ќе ја завршиме сезоната на вистински начин“, изјави Енцо Мареска.
Leave a Reply