Барса нема да му стои на патот, Де Јонг се сели во Ливерпул

by

in

Ливерпул е силно заинтересиран за играчот за врска на Барселона, Френки де Јонг и на лето ќе се обиде да го доведе на Енфилд.

Во Барселона одлучиле да ја повлечат понудата за договор што му беше испратена на Де Јонг – нивната примарна намера сега е да го продадат следното лето.

Холанѓанецот на лето ќе влезе во последната година од договорот, а Ливерпул е спремен да ја искористи таа ситуација.

Де Јонг во минатото одби неколку понуди од Премиер лигата, но сега е спремен да ја прифати понудата на Ливерпул.

Барса му соопштила дека нема да му стои на патот и за неговата слобода бара 30 милиони евра.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *