Горан Панев одиграл важна улога во враќањето на Елмас во Италија

by

in

Eлиф Елмас за првпат по преселбата во Торино зборуваше за клупскиот сајт и откри дека важна улога во неговото враќање во Италија одиграл Горан Пандев.

Кога ја добил понудата од Торино, Елмас разговарал со Пандев кој го советувал да не размислува и да го потпише договорот.

„Дојдов во клуб со прекрасни навивачи и голема историја. Понудата веднаш ја прифатив, разговарав со Горан Пандев кој ми кажа дека треба брзо да потпишам. Му благодарам на него и градот што ме примија тука. На располагање сум на тренерот Ваноли за предизвицитек ои следат. Неговата страст ја почувствував од првиот момент тука. Во тимот владее одлична атмосфера и верувам во добри резултат“, изјави Елмас.

Во Торино, Елмас пристигна на позајмица, а италијанскиот клуб има можност да го откупи неговиот договор од Лајпциг за 17 милиони евра.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *