Поранешен репрезентативец на Македонија објави крај на кариерата

Поранешниот македонски репрезентативец, Ферхан Хасани, денеска официјално ја заврши својата богата фудбалска кариера.

Ферхан Хасани на 34 години преку своите официјални социјални мрежи објави дека става крај на играчката кариера.

Кариерата Хасани ја започна во Шкендија, а подоцна го носеше дресот на: Волфсбург, Брондби, Ал-Раед, ХЈК Хелсинки, Партизани Тирана и Хелсингор, каде што го одигра својот последен натпревар.

За репрезентацијата на Македонија, Хасани одигра 43 натпревари и подтигна два гола, а еден од нив беше против Италија во Скопје.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *