Македонската фудбалска репрезентација до 21 година денеска ги дозна своите противници за квалификациите за Европското првенство 2027, кое ќе се одржи во Србија и Албанија.
Со оглед на тоа што Македонија беше сместена во четвртиот шешир за време на ждрепката, беше очекувано дека ќе се сретне со најмалку еден тежок противник.
Тоа беше селекцијата на Италија, додека останати противници на Македонија ќе бидат Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија.
Квалификациите започнуваат на 17 март 2026 година и ќе траат до 6 октомври истата година. За тимовите кои не ќе успеат да се пласираат директно, баражот е закажан за 9 и 17 ноември 2026 година.
Leave a Reply