Бразилскиот фудбалер Вилијан по кратката епизода во Олимпијакос се враќа во Премиер лигата, и тоа повторно во редовите на Фулам.
Трансфер експертот Фабрицио Романо потврди дека Вилијан успешно ги поминал медицинските прегледи и како слободен агент ќе се приклучи на англискиот клуб.
Бразилецот веќе има искуство во Фулам, каде што играше од 2022 до 2024 година.
Во текот на својата кариера, Вилијан беше дел од неколку големи англиски клубови, вклучувајќи Арсенал и Челси.
Leave a Reply