Брајтон купи фудбалер од Грција и постави рекорд

by

in

Грчкиот фудбалер Стефанос Цимас го облече дресот на Брајтон, а премиерлигашот за него плати сума од 26 милиони евра и тоа е рекорд кога во прашање се трансферите од грчкото првенство.

Станува збор за 19-годишник кој беше на позајмица во германскиот Нирнбург и ПАОК ја искористи опцијата да го откупи неговиот договор и да го продаде на Брајтон.

За овој трансфер ПАОК според ставките од договорот ќе добие 23 милиони евра, додека остатоткот ќе припадне на германскиот второлигаш.

Претходниот рекорд во трансферите од грчкото првенство го држеше Панајотис Рецос кој од Олимпијакос во Леверкузен се пресели за 17.5 милиони евра. Брајтон иако го отпкупи неговиот договор ќе го остави во Нирмбург до крајот на сезоната.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *