За првпат Шкотланѓанец ќе игра во ПМФ – вреди 700.000 евра!

by

in

Eкипата на Гостивар денеска го потврди најавениот трансфер на Шкотланѓанецот, Ли Ервинг.

Станува збор за напаѓач кој според „Трансфермаркт“ има вредност од 700.000 евра, а во кариерата го носеше дресот и на Лидс.

Ервинг има 30 години и во Гостивар очекуваат да биде големо засилување за вториот дел од сезоната во кој имаат големи амбиции.