Докторите со прогноза: Познато кога се враќа Ѓоковиќ на теренот

by

in

Без разлика на прогнозите на врвни доктори кои беа објавени минатата недела, повредата која Новак Ѓоковиќ ја доживеа во полуфиналето на Австралија опен се покажала помалку сериозна од што се претпоставуваше.

Според најновите информации од Спортклуб, деталните медицински прегледи покажале дека Ѓоковиќ би можел да се врати на тренинзи веќе од понеделник, што му дава шанса да настапи на АТП турнирот во Доха, кој ќе започне на 17 февруари.

Овој турнир му претставува не само можност да ги исполни своите обврски кон спонзорите, туку и да се сретне со некои од најголемите ривали во тенисот, како што се Карлос Алкараз и Јаник Синер, кои веќе го потврдија своето учество.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *