Македонија ја чека ново Светско првенство во ракомет: Еве против кого ќе играме

Во Осло денеска беше одржана ждрепката за групната фаза на Светското првенство за младинци кое ќе се игра во Полска.

Македонската репрезентација ја доби групата Ф во која ќе игра со Исланд, Романија и селекцијата која ќе добие вајлд-карта од ИХФ, а нема да биде од Европа.

Натпреварите Македонија ќе ги игра во Катовице и ќе вкрстува со групата Е каде што се Данска, Мароко, Мексико и Франција.

Првенството ќе се игра во период од 18 до 29 јуни.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *