Младиот напаѓач на Барселона, Ансу Фати, кој го носи славниот број десет на својот дрес, категорично одбива да го напушти клубот, иако е јасно дека тренерот Ханси Флик не го вклучува во своите планови за иднината.
Фати, кој важи за еден од најталентираните млади играчи, досега имаше понуди од Бетис и Севиља, но решително ги одби. Сепак, според информациите на шпанскиот весник „АС“, тој би можел да ја промени својата одлука доколку Жозе Мурињо, тренерот на Фенербахче, покаже посилен интерес за неговите услуги.
„Мурињо е заинтересиран да го донесе Ансу Фати на позајмица до крајот на сезоната. Португалскиот стратег смета дека младиот Шпанец би бил клучно засилување за тимот во борбата за титулата во турското првенство,“ пишува „АС“.
Leave a Reply