Проблеми за Мареска: Челси „осакатен“ ќе се соочи против Манчестер сити

Лондонскиот гигант Челси вечерва ќе се соочи со голем предизвик, играјќи против актуелниот шампион Манчестер Сити, но тимот ќе биде ослабен поради отсуството на една од клучните ѕвезди, Жоао Феликс.

Португалскиот фудбалер нема да биде дел од составот на „сините“ за дерби-натпреварот, бидејќи мораше итно да отпатува дома поради семејна трагедија.

Раководството на Челси му изрази целосна поддршка, дозволувајќи му да биде со своето семејство во овој тежок период.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *