„Ел Класико“ е под опасност – би можело да се игра надвор од Шпанија!?

Второто првенствено Ел Класико за оваа сезона би можело да се одигра надвор од Шпанија, поради неочекуваните логистички предизвици со кои се соочува Барселона.

Натпреварот е планиран за викендот на 10/11 мај, но на Олимпискиот стадион Монжуик токму во тој период е закажан концерт на познатата рок-група Ролинг Стоунс.

Со оглед на тоа што реконструкцијата на Камп Ноу сè уште е во тек и нема да биде завршена пред крајот на годината, Барселона е приморана да бара алтернативна локација за овој голем дерби натпревар, како и за останатите мечеви во Ла Лига и Лигата на шампионите.

Постои можност Ел Класико првпат во историјата да се одигра надвор од Шпанија. Меѓу потенцијалните меѓународни дестинации се стадионите во Лион и Марсеј, култниот Вембли во Лондон, а како попредизвикувачки алтернативи се споменуваат Мајами и Саудиска Арабија.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *