Барди пред договор: Наскоро потпишува со новиот клуб

Maкедонскиот фудбалер Енис Барди според последните најави, иако замина од Трабзонспор ќе остане во Турција.

Информациите на медиумите од оваа земја се дека Барди е пред договор со екипата на Бодрумспор која вводи битка за опстанок во првенството и во овој момент се наоѓа во опасната зона.

Турските медиуми пишуваат дека двете страни имаат вербален договор и во најкраток рок се би можело да биде официјализирано.

Актуелната сезона за Бодрумспор е прва во елитниот ранг на турскиот фудбал иако клубот постои 94 години, а од клупата ги предводи легендарниот голман Волкан Демирел.