Манчестер сити го потврди и второто засилување: Ќе плати 30 милиони евра

Eкипата на Манчестер сити го претстави и второто засилување во овој преоден рок кое пристигнува од бразилскиот Палмеирас.

Нов фудбалер на „граѓаните“ е Витор Реис за кого гигантот од Манчестер ќе плати 30 милиони евра.

Договорот кој го потпиша Реис има важност до 2029 година.

Ќе потсетиме, во текот на вчерашниот ден „граѓаните го претставија Хусанов кој пристигна од Ленс и исто така игра во одбраната.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *