Зиркзе претера со прославата – може да биде казнет! (Видео)

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Џошуа Зиркзе не се истакна премногу во вчерашниот натпревар против Саутемптон кој неговиот тим го доби со пресврт (3:1).

Херој на „црвените ѓаволи“ беше Амад Диало кој од 82. минута до 94. постигна хет-трик и донесе пресврт за својот тим.

Но, во центарот на медиумите при прославата на еден од погодоците на Диало во центарот на вниманието се најде Џошуа Зиркзе.

Имено, Холанѓанецот испрати провокација до противничките навивачи така што се фаќаше за меѓуножјето.

Медиумите на Островот пренесуваат дека за ова може да добие и казна од Фудбалскиот сојз на Англија.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *