Јувентус го заврши и засилувањето од ПСЖ – напаѓачот пристигна на прегледи! 🎥

Напаѓачот на ПСЖ, Рендал Коло Муани утрово пристигна на лекарски прегледи во Торино каде што треба да го комплетира трансферот во Јувентус.

Според најавите Муани во Торино пристигнува на позајмица без право на откуп и за евентуален перманентен трансфер екипите ќе преговараат по крајот на сезоната.

Муани е второ засилување за Јувентус откако претходно беше комплетиран трансферот на Алберто Коста од Виторија Гимараеш.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *