Уште еден Македонец пред трансфер во Шкотска!

Репрезентативецот на Македонија би можел да биде уште еден македонски фудбалер кој кариерата ќе ја продолжи во првенството на Шкотска.

Според последните информации од медиумите во оваа земја екипата на Хиберниан ја разгледува можноста за ангажман на Атанасоов.

Македонскиот фудбалер со Краковија има договор до јуни 2026 година, а сезонава запиша 11 настапи кои очигледно не поминаа незабележано.

Во Шкотска веќе настапуваат тројца Македонци, Кристијан Трапановски и Давид Бабунски во Данди, додека Давор Здравкоски е дел од Мадервил.

Претходно Бојан Миовски го носеше дресот на Абердин.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *