Официјално: Трабзонспор ја раскина соработката со Барди

Турскиот фудбалски клуб Трабзонспор попладнево официјално ја објави разделбата со македонскиот фудбалски капитен Енис Барди.

Двете страни, со заемна согласност, решија да ја прекинат соработката, со што Барди стана слободен играч и ќе има можност да продолжи со својата кариера во нов клуб.

Клубот му изрази голема благодарност за придонесот што го даде за тимот во текот на неговиот ангажман, испраќајќи го со искрени желби за успех во понатамошните предизвици.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *