Барди си замина од Трабзонспор – четири екипи се борат за неговиот потпис

Турските медиуми известуваат дека македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди станал слободен играч по раскинувањето на договорот со турскиот гигант Трабзонспор.

Според информациите објавени од „Спортс Дигитал“, Барди го прекинал соработката со Трабзонспор, што го направи достапен за нови ангажмани. Наводно, интерес за неговите услуги покажале четири клубови – два од Шпанија и два од Турција.

Станува збор за шпанските тимови Еспањол и Рајо Валјекано, како и турските Башакшехир и Ејупспор, кои во наредниот период се очекува да достават официјални понуди.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *