Преговорите започнале: Ристовски останува во Динамо, но за помала плата?

by

in

Македонскиот фудбалер, Стефан Ристовски наскоро би можел да го продолжи договорот со Динамо Загреб, пренесуваат медиумите во Хрватска.

Според информациите преговорите започнале и во Динамо се надеваат на позитивен исход.

Но, како што се најавува за д остане Ристовски ќе треба да прифати договор со помала плата од актуелната.

Се шпекулираше дека Динамо ќе побара ново решение за бековската позиција, нешто што го посакуваа и навивачите, но тоа изгледа нема да се случи.

Во овој момент не се открива за колку е пониска понудата на Динамо до Ристовски. Ристовски во првиот дел од сезоната за Динамо одигра 22 натпревари.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *