Фудбалерите на Струга Трим Љум ќе ги продолжат подготовките за вториот дел од тековната натпреварувачка сезона на 8 јануари, со детално планиран распоред кој има за цел тимот да ја достигне врвната форма за продолжението на шампионатот.
Македонскиот шампион веќе ги закажа и серијата пријателски натпревари, кои ќе послужат како клучен дел од подготовките.
Првиот тест за Струга ТЛ ќе биде дуелот со унгарскиот клуб Дебрецин, закажан за 20 јануари. Потоа следуваат натпревари со полска Корона, рускиот прволигаш Рубин Казањ, како и казахстанскиот тим Кизилхар. Завршната проверка ќе биде дуелот со словачкиот клуб Михаловце.
Leave a Reply