Конфузија во Вардар: Демантиран трансферот на Спахиу

by

in

Пред само неколку дена Вардар преку својата Фејсбук страница го потврди трансферот на Едиз Спахиу, но сега пристигна демант.

На веб-сајтот на клубот е објавено дека Спахиу засега не ставил потпис на договор со „црвено-црните“.

„АД ФК Вардар сака да ја демантира неточната вест пласирана низ спортски портали а преземена од неофицијални фејсбук фан страници.
Имено, фудбалерот Едиз Спахиу сè уште нема потпишано договор со нашиот клуб, иако преговорите траат.

Тој е во потрага по ангажман во странство. Клаузулите во неговите документи даваат простор да си најде трансфер заклучно со 20-ти јануари оваа година. Дали потоа ќе најде заеднички јазик со ФК Вардар, е работа за која фудбалската јавност навремено ќе биде информирана преку оваа веб страна, официјалното гласило на ФК Вардар АД“, стои во објавата.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *