Јувентус го продава капитенот во еден од најголемите ривали!?

Тренерот на Јувентус, Тијаго Мота донесе изненадувачка одлука, исклучувајќи го капитенот Данило од составот што ќе патува за Саудиска Арабија на претстојниот турнир од Суперкупот на Италија.

Оваа одлука доаѓа во светло на шпекулациите за можен трансфер на искусниот Бразилец во Наполи, клуб што активно истражува начини како да го доведе Данило без финансиски надомест.

Бразилецот не настапи на последниот натпревар против Фиорентина, а неговото отсуство од тимот за патувањето во Азија дополнително ги зголемува гласините за потенцијален договор со Наполитанците, кој би можел да се реализира наскоро.

Според извори од Италија, тренерот на Наполи, Антонио Конте, го идентификува Данило како клучно засилување за одбраната на тимот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *