Вардар по шест месеци го „избрка“ Кореецот Ким

По серијата засилувања кои Вардар ги реализира во изминатите денови, клубот започна со реорганизација на тимот, ослободувајќи се од фудбалерите кои не се во плановите на стручниот штаб за вториот дел од сезоната.

Еден од тие играчи е корејскиот интернационалец Сеук Гјун Ким, кој по само една полусезона ја напушта Македонија.

Денеска, клубот официјално објави дека договорот со Ким е раскинат, а тој заминува од Вардар со скромен учинок од само шест одиграни натпревари во Првата македонска фудбалска лига.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *