Кошмарот продолжува: Халанд промаши пенал, Манчестер сити не победи!

Никако да тргнат на подобро работите за Манчестер сити. Избраниците на Пеп Гвардиола денеска одиграа само реми 1:1 во натпреварот на домашен терен против Евертон.

Добро започнаа работите за граѓаните бидејќи Бернардо Силва ги доведе домаќините во водство во 14. минута.

Сепак, не издржа одбраната на Манчестер сити и во овој натпревар. Се играше 36. минута кога Нидаје погоди за 1:1.

Голема шанса „граѓаните“ да ја вратат предноста имаа во 53. минута кога беше досудена најстрога казна. Но, Халанд кој во последно време тешко постигнува голови остана без реализација, Пикфорд го одбрани неговиот удар.

На табелата по ова реми Манчестер сити има 28 бода, а зад нив се Астон Вила и Њукасл кои својот натпревар го играат денеска од 16:00 часот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *