Ливерпул „газеше“ во ноември, Слот избран за тренер на месецот

Ливерпул има одличен месец зад себе во кој запиша победи против Астон вила, Брајтон и Саутемптон, а тренерот Арне Слот беше избран за најдобар во ноември.

Слот ја освои првата награда за тренер на месецот во Премиерлигата и стана четвртиот Холанѓанец кој може да се пофали со таков успех, по Мартин Јол, Роналд Куман и Ерик Тен Хаг.

Од почетокот на сезоната, наградите за тренер на месецот ги добиваа Фабијан Хурцелер од Брајтон, Енцо Мареска од Челси и Нуно Еспирито Санто од Нотингем Форест.

Ливерпул по 15 одиграни кола во Премиерлигата е лидер со 35 бодови, односно четири повеќе од Челси.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *