Судија се расплака по меч во ЛШ, тренерот на Елмас го тешеше (Фото)

Астон Вила синоќа забележа победа со 3-2 над Лајпциг, со што го елиминираше германскиот тим од натпреварувањето во Лигата на шампионите.

Сепак, драматичниот резултат беше засенет од еден емотивен момент на теренот, кога асистентот судија Алесандро Гиалатини се расплака по завршувањето на натпреварот.

Публиката и фудбалерите беа изненадени од солзите на Гиалатини, а тренерот на Лајпциг, Марко Розе, со спортски гест му пријде за да го утеши.

Подоцна беше откриена причината за неговата емотивност – ова беше последниот натпревар во неговата блескава кариера, по што тој заминува во пензија.

Гиалатини зад себе остави значаен белег во светот на фудбалското судење. Во текот на својата кариера тој беше дел од 31 натпревар во Лигата на шампионите и 11 во Лига Европа.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *