Македонија е подготвена: ИХФ го најави нашиот настап на Светското првенство (Фото)

Светската ракометна федерација го најави учеството на Македонија на Светското првенство во Хрватска.

ИХФ во најават не ги заборави македонските фанови кои секогаш се инспирација за големите натпреварувања.

Настапот на Македонија на ова Светското првенство за нас ќе биде седми во историјата, а натпреварите ќе ги играме во Вараждин.

Првиот натпревар на македонските ракометари е закажан против Унгарија на 15 јануари, додека два дена подоцна играат против Холандија, додека последната средба во првата фаза се игра на 19 јануари против Гвинеја.

View this post on Instagram

A post shared by IHF (@ihfworldhandball)


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *