Жирона во проблем: Се повреди Миовски!

by

in

Македонскиот напаѓач и фудбалер на Жирона, Бојан Миовски нема да биде во комбинација за настап против Ливерпул во утрешниот натпревар од Лигата на шампионите.

Миовски настапи за Жирона за викендот во Ла Лига, но на последниот натпревар се здобил со повреда поради која ќе мора да паузира одреден период.

Според информациите се работи за повреда на глуждотот, но засега не е познато колку таа е сериозна и колку Миовски ќе треба да биде надвор од терените.

Жирона го пречекува утре во терминот од 18:45 часот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *