Шчесни ѝ поставил услов на Барселона!?

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Барселона испратила понуда до Војчех Шчесни за да се врати од пензија и да застане на голот.

Шчесни се пензионираше на крајот на минатата сезона, откако го прекина договорот со Јувентус, па сега Барселона ќе мора да преговара за обештетување.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Шчесни ѝ поставил услов на Барселона, односно ќе дојде само под услов да биде прв голман на тимот.

Веќе се закажани медицински прегледи, а Шчесни треба да потпише едногодишен договор со плата од три милиони евра.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *