Тиквеш по поразот од Вардар: Судијата нè оштети за чист гол!

Дербито меѓу Тиквеш и Вардар заврши со победа на скопскиот тим од 1-0, но и контроверзни сцени на крајот на дуелот во Кавадарци.

Главниот судија Александар Ставрев предвреме го прекина натпреварот, откако помошник судијата беше погоден со тврд предмет.

Тиквеш веднаш реагираше по дуелот со Вардар и посочи дека судиите ги оштетиле затоа што помошникот Гоце Петрески досудил непостоечки офсајд, а потоа симулирал дека е повреден.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *