Македонија по натпреварите со Фарски Острови и Ерменија остана на истата позиција на ФИФА ранг листата

Фудбалската репрезентација на Македонија остана на 72. место на ФИФА ранг листата.

Македонија во септемврскиот циклус одигра реми со Фарски Острови на гостински терен и ја победи Ерменија дома, а со овие два резултати останавме на позицијата каде и што бевме минатиот месец.

Кога во прашање се нашите противници од Лигата на нации, Ерменија е зад нас на 96. позиција, потоа Летонија е 137. и Фарски Острови се 140.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *