Како дојде така си оди – Динамо Загреб го отпушти тренерот

Сергеј Јакировиќ (47) веќе не е тренер на Динамо Загреб откако утрово управата му врачила отказ, пишува Индекс.

Јакировиќ го чинеа слабите резултати, против Ријека (1:1), пораз од Хајдук дома 0:1 и историскиот дебакл од Баерн Минхен 9:2 во Лига на шампиони.

Тренерот од БиХ на „Максимир“ стигна во мошне контроверзен трансфер откако ја остави Ријека среде сезона иако со екипата имаше сјајни резултати и замина да го води лутиот ривал Динамо Загреб поради што навивачите и управата на Ријека го сметаат за предавник. Тој го водеше Динамо Загреб 1 година и нешто помалку од 1 месец.